June 11, 2025 | | Свет
Аргентина извлече бод во драматичен натпревар против Колумбија, кој заврши 1-1, но сè уште се зборува за магијата на Луис Диаз. Фудбалерот на Ливерпул го отвори резултатот во 24. минута со гол кој заслужува да биде насекаде на насловните страници. Со маестрална соло акција ја измами одбраната на „гаучосите“, ја смести топката во мрежата и го замолкна стадионот „Монументал“. Ситуацијата дополнително се искомплицира за Аргентина во второто полувреме кога Енцо Фернандез доби црвен картон во 70. минута, оставајќи ги домаќините со играч помалку. Но, и покрај тоа, светските шампиони покажаа карактер – десет минути подоцна Тијаго Алмада успеа да израмни и да ги спаси своите од пораз. Реми со вкус на пораз за Колумбија, кои имаа шанса за голем триумф во Буенос Аирес, но и важна психолошка победа за Аргентина, која и со бројчан дефицит не се предаде.
WHAT A GOAL FROM LUIS DIAZ AGAINST ARGENTINA!!! 🤯🔥 pic.twitter.com/8tYZ8qnS7s
— snappedlfc (@snappedlfc) June 11, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |