September 14, 2024 | | Свет
Евертон пропушти неверојатна шанса да дојде до победа денес каде имаа дури два гола предност на гостувањето кај Астон Вила. Гостите фантастично го отворија натпреварот со головите на Мекнил во 16. минута и на Калверт-Левин во 27. минута. После десетина минути Вила успеа да се врати преку Воткинс кој го постигна својот прв гол во Премиер лигата сезонава. Тој успеа да го постигне и вториот гол за својот тим во 58. минута, а Дуран, кој влезе од клупата го имаше шоуто на вечерта со постигнатиот гол кој дефинитивно може да биде кандидат за гол на сезоната во Премиер лигата иако во моментов се игра само четвртото коло. Астон Вила сега има три победи на првите четири натпревари, а Евертон го запиша својот четврт пораз и заедно со Саутемптон се единствени кои немаат ниту еден бод.
Duran is second on the bench for Aston Villa. Look at Goal like War Zone. 🔥🔥 pic.twitter.com/RoiFeydDUZ
— POOJA!!! (@PoojaMedia) September 14, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |