СТРАШНО полувреме: Три гола, бомба на Калафиори и ЦРВЕН картон за Тросар! (ВИДЕО)

September 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

СТРАШНО полувреме: Три гола, бомба на Калафиори и ЦРВЕН картон за Тросар! (ВИДЕО)

Неверојатно полувреме помеѓу Сити и Арсенал на „Етихад“ каде гостите водат со 2-1. Сити го отвори резултатот во 9. минута со голот на Халанд на асистенција на Савињо. Огромна работа во самата акција заврши Бернардо Силва кој ги одвлече Парти и Габриел со него со што отвори можност за топка во простор. Во моментите кога Сити имаше тотална иницијатива, несреќно Родри го повреди коленото згазнувајќи лошо, а на негово место влезе Ковачиќ. Во 22. минута следуваше шок на „Етихад“ со голот на Калафиори. Арсенал набрзина го изведе фаулот на средината на теренот при што Парти испрати прекрасна долга топка, а Мартинели му намести на Италијанецот кој упати вистинска бомба. Во 46. минута Арсенал му зададе дополнителен удар на Сити и успеа да го сврти резултат со голот од корнер на Габриел на асистенција на Сака. Арсенал е познат по доброто изведување на прекините, а тактиката со блокирање на голманот и овој пат им успеа. На настаните им немаше крај бидејќи Тросар доби втор жолт картон. Тој прво направи прекршок врз Бернардо Силва, а потоа ја шутна топката, па тоа беше доволно Оливер да покаже црвен картон. Цело прво полувреме Сити беше екипата која доминираше и со шанси и со посед на топката.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.