Судиите од ВАР собата се радуваа кога беше поништен голот на Барселона! (ВИДЕО)

May 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Судиите од ВАР собата се радуваа кога беше поништен голот на Барселона! (ВИДЕО)

Ново „Ел Класико“, нови скандали. Барселона во неколку наврати беше оштетена на дуелот против Реал Мадрид, но и покрај тоа оствари победа од 4-3. Очигледно Реал Мадрид повторно успеа во својата намера преку својата клупска телевизија да направи притисок врз судиите. По одлуката да не се досуди пенал за Барселона на очигледно играње со рака од Чуамени, имаше уште една спорна ситуација каде беше поништен голот на Фермин Лопез поради наводно играње со рака, иако голот требаше да биде признаен. Причината за тоа е што по правилата во Ла Лига, станува збор за ненамерно играње со рака при дуел за освојување за топка каде истата беше „набиена“ од Фермин, или шутирана директно во неговата рака. Но, она што е интересно е што всушност се случуваше додека се проверуваше овој гол. Имено, кога ВАР собата го прегледуваше ова, еден од судиите извика „menos mal“ што во превод значи „фала ти боже“ во моментот кога голот на Фермин беше поништен. Очигледно судиите во ВАР собата беа пресреќни бидејќи беше поништен голот, па навиваа „нивниот“ Реал да не изгуби.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.