Судијата беше приморан да ги прекрсти рацете на натпреварот на Реал поради новото правило

June 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Судијата беше приморан да ги прекрсти рацете на натпреварот на Реал поради новото правило

Реал Мадрид стигна до својот прв триумф на Светското клупско првенство победувајќи ја мексиканската Пачука со 3-1, но фудбалскиот спектакл беше помрачен од тежок инцидент на крајот од натпреварот. Германскиот дефанзивец Антонио Рудигер, по еден дуел со капитенот на Пачука, Густаво Кабрал, му соопштил на главниот судија дека бил цел на расистички навреди. Судијата Абати Абеи веднаш ги прекрсти рацете пред градите – гест што за првпат во историјата означи официјална активација на ФИФА-протоколот против расизам. Протоколот предвидува три нивоа на интервенција: прекин на натпреварот, па привремена пауза, и конечно – прекин доколку ситуацијата не се смири. Инцидентот се случи во завршницата, па мечот беше приведен до крај, но истрагата е веќе отворена. Тренерот на „кралскиот клуб“, Чаби Алонсо, беше јасен. „Му веруваме на Рудигер. Расизмот нема место ни во фудбалот, ни во општеството.“

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.