Судијата кој ги навреди Ливерпул и Клоп никогаш повеќе нема да суди (ВИДЕО)

November 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Судијата кој ги навреди Ливерпул и Клоп никогаш повеќе нема да суди (ВИДЕО)

Пред неколку дена на социјалните мрежи се појави видео во кое англискиот судија Дејвид Кут ја изразува својата омраза кон Ливерпул и нивниот поранешен тренер Јирген Клоп. Во видеото тој вели дека Ливерпул се ср*ње, а Клоп пи*ка. Премиер лигата веднаш го суспендираше Кут, а сега истото ќе го направат и двете најголеми фудбалски организации. Ова значи дека тој нема да може да суди повеќе, меѓутоа на Островот се пишува и дека самиот судија ќе ја даде својата оставка и ќе се повлече. Со ова тој ќе загуби околу милион евра, односно тоа е сумата која ќе ја заработел доколку продолжел да суди.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.