Судијата кој ги вреѓаше Ливерпул и Клоп призна дека е геј и корисник на дрога (ВИДЕО)

January 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Судијата кој ги вреѓаше Ливерпул и Клоп призна дека е геј и корисник на дрога (ВИДЕО)

Поранешниот судија Дејвид Кут, чија кариера беше обележана од контроверзии, го даде своето прво интервју по скандалот што го потресе англискиот фудбал каде ги вреѓа Ливерпул и Јирген Клоп. Отпуштен од Асоцијацијата на професионални судии во декември, Кут се соочи со јавноста и ја отвори душата за бурниот период во неговиот живот.

„Преземам целосна одговорност за моите постапки. Навистина жалам за секоја навреда што ја предизвикав и за негативното светло што го фрлив врз играта која ја сакам“, изјави Кут.
Кут откри дека долги години се борел со лични демони, меѓу кои бил и неговиот страв да ја открие својата сексуалност.
„Не им кажав на родителите сè до 21 година, ниту на пријателите до 25 години. Мојата сексуалност не е единствената причина за моите проблеми, но таа имаше големо влијание врз мене“, рече тој.
Во интервјуто, тој се осврна и на користењето кокаин како начин за бегство од стресот и притисокот на професијата.
„Тоа беше начин да се ослободам од тежината на распоредот. Чувствувам огромен срам што морам да го признам ова, но тоа беше дел од моето патување“, призна Кут.
Автентичноста на скандалозното видео, каде тој е снимен во компромитирачки ситуација, исто така беше потврдена.
„Не се препознавам себеси во тоа видео. Бев во многу тежок период. Се обидував да издржам, но тргнав по погрешен пат“, изјави тој со искреност. Мојот фокус сега е на менталното здравје и благосостојбата. Се надевам дека моето искуство може да биде од корист за фудбалот во иднина. Ова беше еден од најтешките периоди во мојот живот, но научив многу за себе и за важноста на отвореноста“, вели тој.
И покрај тешкотиите, Кут изрази надеж за подобра иднина и се заложи за поголема борба против дискриминацијата во фудбалот и пошироко.
„Во спортот, а и во општеството, сè уште има многу работа за да се справиме со предрасудите. Се надевам дека мојата приказна ќе биде инспирација за другите“, заклучи тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.