May 8, 2025 | | Свет
Полскиот елитен судија Симон Марчињак повторно се најде во центарот на вниманието по реванш полуфиналето од Лигата на шампионите меѓу Интер и Барселона, одиграно на „Џузепе Меаца“. Натпреварот заврши со победа на Интер од 4:3, што им обезбеди пласман во финалето, но натпреварот не помина без полемики, особено од таборот на каталонскиот гигант. Барселона остро реагираше на неколку судиски одлуки, а критиките беа упатени директно до Марчињак, кој важи за еден од најценетите арбитри на УЕФА и човекот што го водеше финалето на Светското првенство во Катар. Ханси Флик и неколку играчи, меѓу кои и Педри, јавно го изразија своето незадоволство, а Педри дури повика и УЕФА да преземе конкретни мерки против полскиот арбитар. Во својата реакција, Марчињак не се воздржа и директно ги одби обвинувањата. „Нивните коментари се апсурдни. Што можам да кажам за овие глупави коментари? Не повредив никого“, рече тој со доза на иронија. Во врска со можната жалба од страна на Барселона до УЕФА, Марчињак само кратко прокоментира со насмевка. „Подготвен сум на сè“. Полемиката останува отворена, а очекувањата се дека УЕФА ќе ја разгледа ситуацијата, иако историски гледано, организацијата ретко презема конкретни чекори против судии со рејтинг како тој на Марчињак.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |