Судијата му држеше „лекција“ на Калафиори како да изведи аут (ВИДЕО)

September 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Судијата му држеше „лекција“ на Калафиори како да изведи аут (ВИДЕО)

Арсенал синоќа запиша убедлива победа од 3-0 против Нотингем Форест, но натпреварот донесе и еден несекојдневен момент. Главен актер беше Рикардо Калафиори, кој сезонава доби задача да ги изведува аутите на „топчиите“. Сепак, на дуелот со Форест се случи ситуација која ги насмеа фановите – помошникот судија му покажуваше на Италијанецот како правилно да изведе аут. Ова предизвика чудење, бидејќи Калафиори е познат по тоа што ги има усовршено аутите и токму затоа Арсенал му ја довери оваа улога. Настанот веднаш стана хит на социјалните мрежи, каде што навивачите иронично коментираа дека дури и судиите сакаат да „помогнат“ во тактиката на Микел Артета.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.