Судијата направи ужасна грешка која Кристал Палас го чинеше чист гол! (ВИДЕО)

August 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Судијата направи ужасна грешка која Кристал Палас го чинеше чист гол! (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу Брентфорд и Кристал Палас судијата Сем Барет по грешка поништи чист гол за „орлите“. Резултатот беше 0-0 кога играчот на Палас Езе шутираше од слободен удар и успеа да погоди, но судијата го поништи голот бидејќи сметаше дека видел прекршок врз Вил Хјуз уште пред топката да ја помине гол линијата. Во таа ситуација ВАР немаше како да реагира, а по дополнителна анализа се испостави дека прекршокот беше многу повеќе за Палас отколку да биде фаул во напад и топка за Брентфорд. Оваа одлука директно влијаеше на резултатот бидејќи Кристал Палас загуби со 2-1, а судијата Сем Барет по натпреварот ја призна својата грешка и се извини.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.