Судијата Тејлор руши негативни рекорди: Покажа најмногу жолти картони во еден натпревар

September 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Судијата Тејлор руши негативни рекорди: Покажа најмногу жолти картони во еден натпревар

На натпреварот помеѓу Борнмут и Челси (0:1), се покажаа најмногу жолти картони во историјата на Премиер лигата и судијата Ентони Тејлор постави рекорд. Челси пред самиот крај на натпреварот успеа да дојде до победа преку Нкунку на асистенција на Џејдон Санчо. Претходно, Борнмут преку Еванилсон промаши пенал. Натпреварот беше доста груб, па од тука дојде и негативниот рекорд каде судијата Тејлор покажа дури 14 жолти картони на натпреварот. Тој додаде и два жолти картони за тренерите на двете екипи. Ентони Тејлор го надмина Питер Бенкс кој минатата година покажа тринаесет картони на дуелот меѓу Тотенхем и Шефилд Јунајтед.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.