Судискиот експерт на „Марка“ откри дали требало да има пенал за Барселона

April 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Судискиот експерт на „Марка“ откри дали требало да има пенал за Барселона

Барселона направи спектакуларен пресврт во натпреварот против Селта Виго, славејќи со 4:3 во еден од највозбудливите мечеви од оваа сезона во Ла Лига. Сепак, голем дел од фудбалската јавност, особено навивачите на ривалските клубови, сметаат дека Каталонците биле „почестени“ со спорен пенал во финишот на натпреварот. Клучниот момент се случи во судиското надополнување, кога беше досуден пенал за Барселона по контакт меѓу Лаго и Дани Олмо. Одговорноста ја презеде Рафиња, кој успешно реализираше за конечни 4:3 и обезбеди вредни три бода за својот тим. Главниот судија првично не досуди пенал, но по интервенција од ВАР-собата и преглед на снимката, одлуката беше променета. Поранешниот елитен судија Перез Бурул, кој во моментот работи како стручен коментатор за „Радио Марка“, смета дека судиската одлука била оправдана. – Делуваше како слаб контакт меѓу Лаго и Олмо, но ВАР проверката покажа дека имало удар во ногата на Олмо, поради што тој не можеше да ја контролира топката. Затоа и пеналот е коректно досуден, – изјави Бурул. Одлуката продолжува да предизвикува реакции на социјалните мрежи, каде навивачите дебатираат дали контактот бил доволен за најстрога казна или Барселона повторно имала среќа со ВАР технологијата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.