Судот одлучи: Астори е „убиен“ поради лекарска негрижа, можел да биде спасен

March 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Судот одлучи: Астори е „убиен“ поради лекарска негрижа, можел да биде спасен

Во италијанската јавност со години се води полемика околу трагичната смрт на поранешниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина во сон на 4 март 2018 година, само еден ден пред натпреварот против Удинезе. Астори беше пронајден мртов во хотелската соба, а причината беше срцев проблем. Неговата ненадејна смрт покрена судски случај за да се испитаат околностите и можната одговорност на лекарите кои му дозволиле да продолжи да игра фудбал. По долг судски процес, поранешниот директор по спортска медицина во болницата Нареги, Џорџо Галанти, официјално е прогласен за виновен за убиство од негрижа. По одбивањето на жалбата поднесена од неговите адвокати, судот му изрече едногодишна затворска казна. Обвинителството првично бараше тригодишна казна за Галанти, како и санкции за уште двајца доктори кои издале лажно кардиолошко уверение. Според наводите, тие биле свесни за срцевите проблеми на Астори, но сепак му дале дозвола да продолжи со професионалната кариера, што на крајот резултираше со неговата прерана смрт на 31-годишна возраст.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.