Суле ги воодушеви сите, имаше 110 килограми ама сега се минато!

July 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Суле ги воодушеви сите, имаше 110 килограми ама сега се минато!

Никлас Суле беше на мета на жестоки критики околу неговата тежина и излегоа информации дека тој достигнал дури 110 килограми што предизвикало големо незадоволство кај неговиот тим Дортмунд. Стоперот на Борусија Дортмунд имаше проблем со килажата и тоа направи воопшто да не биде опција за тренерот Един Терзиќ, особено за финалето на Лигата на шампионите. Претходно „Bild“ пренесе дека Суле достигнал 110 килограми и му бил поставен ултиматум од директорите на Борусија, но новите фотографии докажуваат дека тој се фатил за работа. Тој ангажирал личен нутриционист со цел да намали десетина килограми за стартот на подготовките на Борусија, а истото успеал да го направи за два месеци.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.