„Супер Златна топка“: Кој треба да ја освои? (ВИДЕО)

June 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Супер Златна топка“: Кој треба да ја освои? (ВИДЕО)

Франс Фудбал ја отвори дебатата за „Супер Златната топка“ – Кој би ја заслужил денес? На официјалниот профил на платформата „Х“ (поранешен Твитер), под името Ballon d’Or, се појави видео кое повторно ја разгоре фудбалската дебата меѓу навивачите низ светот. Организаторите на најпрестижното индивидуално фудбалско признание, Франс Фудбал, се потсетија на уникатниот момент од 1989 година – кога Алфредо Ди Стефано ја доби единствената досега доделена Супер Златна топка. Оваа награда е резервирана само за легенди кои повеќекратно ја освоиле Златната топка и оставиле длабок траг во историјата на фудбалот. Во видеото, покрај приказот на Ди Стефано и неговите магични моменти, стои и провокативното прашање. „Ако оваа награда се додели денес, кој ја заслужува?“ Фановите веќе го започнаа гласањето и дебатите, а најчесто споменувани имиња се Лионел Меси и Кристијано Роналдо, иако за очекување е Аргентинецот да ја освои истата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.