Суперагентот Мендеш преговара за да и донесе на Челзи и Јунајтед по еден играч!

August 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Суперагентот Мендеш преговара за да и донесе на Челзи и Јунајтед по еден играч!

Суперагентот Мендеш кој е агент на многу познати фудбалери моментално е во Англија каде дисктуира за да го испрати својот клиент Феликс во Челзи, како и другиот клиент Угарте во Јунајтед. Угарте одамна се има договорено со Јунајтед, а ПСЖ очекува до крајот на трансфер периодот тој да замине. Јунајтед сака цената за Угарте да биде намалена, или ќе мораат да продадат еден играч за да ги исполнат условите на ПСЖ, а постои и таа опција да се откажат од Угарте и да побараат поефтина варијанта. Жоао Феликс пак, веќе прифати да се врати во Челзи и во моментов клубот од Лондон преговара со Атлетико Мадрид откако пропадна трансферот на Омородион од Атлетико од Челзи, а постојат големи шанси да пропадне и трансферот на Галагер во Атлетико.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.