March 18, 2025 | | Свет
Триумфот на Барселона со 4:2 против Атлетико Мадрид на „Метрополитано“ значително ги зголеми нејзините шанси за освојување на шампионската титула во Ла Лига. Според пресметките на суперкомпјутерот на Opta, каталонскиот клуб сега има 68,5 проценти шанси за титулата, оставајќи го Реал Мадрид со 28,5 проценти, додека Атлетико е далеку зад нив со само 2,9 проценти. Овие проценки значително се разликуваат од анализата на истиот суперкомпјутер на 14 февруари, кога Реал Мадрид беше сметан за главен фаворит со 52 проценти, Барселона имаше 26,9, а Атлетико 20,5 проценти шанси за триумф.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |