June 10, 2025 | | Свет
Првото Светско клупско првенство во нов формат започнува в недела и ќе трае целиот месец, само неколку недели по завршувањето на клупската сезона.
На турнирот ќе учествуваат 32 екипи, а претставници од сите континенти ќе се сретнат во Соединетите Американски Држави.
Отворањето е закажано на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, каде Интер Мајами ќе се соочи со египетскиот Ал Ахли, додека големото финале ќе се игра во Њу Џерси.
Како и обично, аналитичарите од „Опта“ го активираа својот суперкопјутер за да предвидат кој клуб има најголеми шанси да го освои првенството. Симулациите се спроведени 10.000 пати, а резултатите покажуваат дека најголеми шанси има Пари Сен Жермен со 18,5 проценти.
Веднаш зад францускиот шампион е Манчестер Сити со 17,8%, а на третата позиција е Баерн Минхен со 12,8%. Следуваат Интер со 12,3%, Реал Мадрид со 9,8% и Челси со 8,4%.
Првите 11 места на листата на „Опта“ очекувано ги заземаат европски клубови. Зад водечката шесторка се: Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Јувентус, Бенфика и Порто.
Фудбалската јавност со нетрпение го очекува стартот на турнирот, кој се очекува да донесе возбудливи натпревари и нова ера во клупскиот фудбал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |