February 13, 2025 | | Свет
Евертон и Ливерпул одиграа возбудливо реми 2:2 во заостанатиот натпревар од 15. коло на Премиер лигата. Натпреварот требаше да се одигра уште во декември, но беше одложен поради временските неприлики. Ливерпул беше на чекор до победа, но Евертон израмни со голот на Тарковски во 98. минута, што ја направи трката за титулата уште понеизвесна. И покрај тоа, тимот на Арне Слот сега има предност од +7 во однос на Арсенал, а до крајот на сезоната остануваат уште 14 натпревари. Историјата и статистиката велат дека оваа предност е значајна, но не и недостижна. Досега само двапати во Премиер лигата некој тим испуштил седум бодови предност 14 кола пред крајот – Манчестер Јунајтед во 2003 година против Арсенал и Манчестер Сити во 2020 година против Ливерпул. Суперкомпјутерот на „Опта“ му дава на Ливерпул 88,3% шанси за освојување на титулата, додека Арсенал има само 11,6%. На третото место се наоѓа Нотингам Форест со десет бодови заостанување и минимални 0,1% шанси за трофејот. Четвртопласираниот Челси (-14 од Ливерпул) и актуелниот шампион Манчестер Сити (-16) веќе се сметаат за без шанси да ја освојат титулата. Иако Ливерпул има значајна предност, распоредот на натпреварите до крајот на сезоната е тежок и за нив и за Арсенал. Особено важен ќе биде дуелот на 10 мај на „Енфилд“, три кола пред крајот, кој потенцијално би можел да го реши шампионот. Дали Ливерпул ќе ја потврди титулата или Арсенал ќе успее да направи пресврт, останува да видиме. Распоредот на Ливерпул до крајот на првенството: Вулверхемптон (Д), Астон Вила (Г), Манчестер Сити (Г), Њукасл (Д), Саутемптон (Д), Евертон (Д), Фулам (Г), Вест Хем (Д), Лестер (Г), Тотенхем (Д), Челси (Г), Арсенал (Д), Брајтон (Г), Кристал Палас (Д). Распоредот на Арсенал до крајот на првенството: Лестер (Г), Вест Хем (Д), Нотингам Форест (Г), Манчестер Јунајтед (Г), Челси (Д), Фулам (Д), Евертон (Г), Брентфорд (Д), Ипсвич (Г), Кристал Палас (Д), Борнмут (Д), Ливерпул (Г), Њукасл (Д), Саутемптон (Г).
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |