Суперлигата го промени името и побара дозвола од УЕФА за старт на новото натпреварување

December 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Суперлигата го промени името и побара дозвола од УЕФА за старт на новото натпреварување

Компанијата „А22“, која стои зад проектот за Суперлигата, објави дека испратила допис до УЕФА и ФИФА, барајќи официјално признавање на новото натпреварување кое сакаат да го организираат. Иако во моментов само Реал Мадрид и Барселона се главни поддржувачи на оваа идеја, „А22“ не се откажува од плановите и продолжува со својата иницијатива. Според новите информации, Суперлигата ќе го промени името во „Јунифај Лига“ и ќе претрпи значителни промени во однос на првичниот концепт. Новиот план предвидува натпреварувањето да брои 96 клубови, поделени во четири лиги. На врвот ќе биде најсилната дивизија – „Ѕвездената лига“, која ќе брои 16 клубови, а потоа ќе следуваат „Голд Лига“ со 16 клубови, „Блу Лига“ со 32 клуба и на крај „Унион Лига“, која ќе вклучува исто така 32 клуба. Покрај тоа, компанијата информираше дека натпреварите ќе можат да се следат бесплатно на стриминг платформа која ќе вклучува реклами. За гледање без реклами, корисниците ќе имаат можност да се претплатат. Квалификациите за учество во ова натпреварување ќе се базираат на резултатите од домашните фудбалски првенства. „А22“ останува посветена на реализација на проектот, иако се соочува со отпор од страна на традиционалните фудбалски институции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.