Талентот на Барса му го извалка столчето на Флик, реакцијата на тренерот е хит! (ВИДЕО)

September 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Талентот на Барса му го извалка столчето на Флик, реакцијата на тренерот е хит! (ВИДЕО)

Барселона го прегази Виљареал со 5:1 на гостински терен во рамките на шестото коло од Ла Лига. Покрај победата на Каталонците, имаше уште една ситуација која привлече внимание и за која ќе се зборува. Имено, талентите на Барселона кои воедно се и братучеди, Гиље и Антонио Фернандез, вторпат по ред добија покана во првиот тим, а причината е отсуството на Дани Олмо. Тие имаа шанса на клупата да бидат заедно со постарите колеги, а едниот од нив направи невнимателен потег. Во моментот кога Антонио сакаше да седне на своето столче, тој нагазна на столчето на тренерот Флик за да се искачи до неговото бидејќи само така мислеше дека може да стигне до своето место. За кратко дојде и самиот Флик кој го забележа тоа и веднаш го откри потегот на Тони при што на почетокот го имаше типичниот сериозен германски израз на лицето, но потоа следеше насмевка. Тони сфати дека направи грешка и беше јасно дека му е срам.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.