August 18, 2024 | | Свет
Барселона успеа да слави во дуелот со Валенсија во 2-1 каде два гола даде Левандовски, а во редовите на Валенсија голот го постигна Дуро.
Талентот на Барселона го гледаше натпреварот од својот дом бидејќи тој сеуште е на одмор по освојувањето на златото на Олимписките игри па го следеше натпреварот на својата екипа.
Но, Лопез направи една грешка на социјалните мрежи каде објави фотографија која не смееше да се објави и всушност покажа дека го гледа натпреварот на илегален стрим, што е строго забрането.
Ла Лига во овој момент води интезивна борба против илегалните преноси, а очигледно и професионалните фудбалери знаат да гледаат фудбал на ваков начин.
Набрзо Лопез ја избриша фотографијата, но тоа веќе беше забележано и протече во медиумите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |