Талентот на Ливерпул го пофали стилот на новиот тренер и го критикуваше на Клоп!

July 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Талентот на Ливерпул го пофали стилот на новиот тренер и го критикуваше на Клоп!

Арне Слот доаѓа со големи амбиции во Ливерпул, но и со огромен притисок за тоа како ќе се снајде во клубот каде ќе ја замени клупската легенда Јирген Клоп. Ливерпул под негово водство првиот голем тест ќе го има во САД против Бетис. Керис Џонс кој е дете на Ливерпул е задоволен од стилот на Слот и даде некои насоки за тоа што може да очекуваат навивачите во смисла на стилот на игра. „Арне Слот е неверојатен. Ова е веројатно најсреќен што сум бил во однос на начинот на кој играм и стилот што ми одговара. Арне Слот има многу јасен план, многу е посветен и има око за фини детали. Тој има одреден начин на игра и јасно е дека ќе треба време бидејќи тоа е голема промена, но сите во составот се свесни дека го имаме потребниот потенцијал. Порано се беше набрзина, моравме веднаш да ја вратиме топката, игравме премногу директно, работите постојано се менуваа горе-долу. Сега сакаме да ја имаме топката цело време и целосно да го убиеме противникот“, вели Џонс. Тој тврди дека сега повеќе се чувствува себеси и дека може повеќе да игра со топката. Сега централниот играч за врска ќе биде срцето на тимот. Мо Салах секогаш ќе постигнува гол, но ние треба да бидеме комотни во поседот, да ги градиме нападите мирно и да не брзаме како во минатото“, изјави Кертис Џонс.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.