Таткото и агентот на Квича: Тој треба да замине, Наполи: Никој не ги прашува нив!

June 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Таткото и агентот на Квича: Тој треба да замине, Наполи: Никој не ги прашува нив!

Агентот Југели кој го засташува Квича Кварацкелија изјави дека посакува неговиот клиент да замине од Наполи, но ќе почекаат да заврши Европското првенство. „Со Конте, Наполи има големи планови. Сигурен сум дека следната сезона повторно ќе се пласираат во Лигата на шампионите и ќе се борат за Скудетото,но тоа не значи дека Кварацхелија сака да остане таму, не мислам на тоа. Не разговарав со Квича за ова прашање, најважна работа за него во моментов е репрезентацијата“, вели тој. Тој вели дека целта за нивниот агент е да најде клуб кој игра во Лигата на шампиони и дека ако остане во Наполи, ќе изгуби една година неиграјќи во ова натпреварување бидејќи Наполи следната сезона нема да игра во Лигата на шампиони. Слична изјава имаше и таткото на Квича кој рече дека и тој не сака неговиот син да остане во Наполи. „Тој работеше со четири различни тренери за една година, ова многу ме загрижува, тој сам ќе одлучи, иако ми е непријатно. Не сум разговарал со Квича на оваа тема, нема да разговарам до крајот на Европското првенство“, рече тој. Се огласија и од Наполи каде рекоа дека тој има договор до 2027 година. „Квича не е на продажба. Агентите на играчите НЕ одлучуваат каде нивните клиенти одат, туку Наполи одлучува кога некој е под договор“, потенцираа тие.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.