June 27, 2024 | | Свет
Мирланд Даку кој е албански репрезентативец беше суспендиран од УЕФА откако ги навредуваше Македонците и Србите заедно со албанските навивачи. Неговиот татко, Фехми Даку не ги оправда акциите на својот син и го критикуваше. Тој рече дека син му не е таков и дека го понела еуфоријата, а во изјава за „Спорт24“, Фехми вели дека по враќање на Мирланд од ЕП разговарале за скандалот, и јасно му нагласил дека такво нешто повеќе не смее да му се повтори. „Мојот син веќе се врати дома. Мирлинд, да бидам искрен, не се чувствува добро поради целата ситуација. Му реков никогаш повеќе да не го прави тоа. Ќе одмори неколку дена, а потоа ќе замине во Русија. Слушнав дека неговиот клуб Рубин Казан ќе го казни за неговите постапки на Европското првенство. Оваа одлука на клубот мора да се почитува. Но, сигурен сум дека нема да има проблеми со соиграчите од Србија, тие ќе живеат во мир затоа што знаат дека Мирланд не е такво момче“, објаснува таткото на Мирланд Даку.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |