July 29, 2024 | | Свет
Бразилскиот талент Ендрик беше претставен како нов играч на Реал Мадрид пред околу 43.000 навивачи. Самата промоција беше исполнета со многу емоции и рече дека му било тешко да ги опише чувствата бидејќи од секогаш сакал да игра за овој клуб. Во исто време, неговиот татко откри дека биле многу сиромашни и немал воопшто храна да му даде на своето дете. „Сѐ уште се сеќавам на денот кога Ендрик беше дете… Ми побара нешто за јадење и рече: ‘Тато, многу сум гладен’. Седев на каучот, потоа барав во кујната и фрижидерот… И немав што да му дадам за јадење. Му реков: ‘Ендрик, синко, немаме ништо’. Потоа почнав да плачам, тој исто така се расплака и ме прегрна цврсто и рече: ‘Тато, не грижи се, ќе станам фудбалер и ќе те извлечам од овие проблеми’.” Заедно со бонусите, овој трансфер би можел да достигне околу 60 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |