February 2, 2025 | | Свет
Арсенал денеска го прегази Манчестер Сити со огромни 5-1 во дербито на колото во Премиер лигата. Со оваа победа, тимот на Артета ја продолжува борбата за титулата со Ливерпул, иако засега лидерите имаат солидна предност. Уште во првиот натпревар сезонава помеѓу овие два тима кој заврши нерешени 2-2, Халанд и стоперот на Арсенал Габриел станаа огромни ривали на теренот. Покрај дуелите кои ги имаат на теренот, се уфрлаат и вербални навреди и провокации помеѓу нив двајца. Сега, провокацијата отиде и чекор понатаму бидејќи во овој конфликт се вклучи и таткото на Халанд, Алфи кој реши на Твитер да го испровоцира Арсенал. Имено, официјалниот профил на Арсенал на Твитер објави слика на која се гледа како тимот го слави голот на Луис-Скели на која е напишано: „Овој тим“, алудирајќи на успесите на тимот и на важната победа. Ваквиот твит таткото на Халанд реши да го сподели и да го допише коментар кој сигурно ќе ги изнервира навивачите на Арсенал. „Овој тим, кој освојува сѐ. Еххх, сепак не“, напиша Алфи.
«This Team» that wins everything. Ehhhhh, not. 🩵 https://t.co/B81Ais3J6a
— Alfie Haaland (@alfiehaaland) February 2, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |