Таткото нервозен: Фрлаше со чадор по тренерот оти го извадил син му после само 20 минути!

August 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Таткото нервозен: Фрлаше со чадор по тренерот оти го извадил син му после само 20 минути!

На натпреварот помеѓу Цирих и аматерскиот тим Зиг во Купот на Швајцарија се случи еден невиден настан. Во скандалот се најдоа тренерот на Цирих, Рикардо Мониз, младиот напаѓач Лабинот Бајрами и неговиот татко каде тренерот по само 18 минути го извади син му, па таткото реши да реагира. Фудбалерот беше нервозен поради тоа што беше изваден, а кога татко му го виде ова, реши да го гаѓа тренерот со чадор кој прелета неколку сантиметри покрај главата на тренерот Мониз. Обезбедувањето веднаш реагирало и го исфрлил таткото на фудбалерот од стадионот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.