Тажниот Грилиш откри каква порака му испратил омилениот тренер пред да почине

August 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тажниот Грилиш откри каква порака му испратил омилениот тренер пред да почине

На 60 годишна возраст вчера почина поранешниот тренер на Лестер Крег Шекспир кој не успеа да се избори во битката со ракот. Шекспир беше помошник на Клаудио Раниери и потоа доби шанса да го води шампионкиот тим на Лестер, но остави трага и во другите клубови во кои работеше во Англија. Токму за неговата големина и човечност се огласи и фудбалерот на Сити Џек Грилиш кој откри каква порака добил од Шекспир прес само еден месец. „Шејки, еден од најголемите луѓе кои сум ги сретнал, не само во фудбалот, туку и во животот. Минатиот месец ми испрати порака кога не се најдов на листата за Европското првенство додека беше болен и тоа покажува за каков човек стануваше збор! Имаше златно срце! На сите ќе ни недостасува Шејки, целосно сум уништен. Ја испраќам цела моја љубов до семејството“, објави Грилиш, споделувајќи ја пораката која Шекспир му ја испратил како поддршка поради тоа што Грилиш не беше повикан да игра за Англија на Европското првенство. Грилиш заедно со Рашфорд не беа повикани на Европското првенство а таквата одлука наиде на шок во Англија. „Џек, понекогаш е тешко да знаеме што да напишеме. Но, јас сум скршен за тебе и мислам на тебе. Ти си најнадаренит играч со кој сум работел. Чувај се, Шејки“, гласи последната порака која му ја испратик Крег на Грилиш.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Jack Grealish (@jackgrealish)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.