Тебас: Ќе превземеме правни мерки против Реал Мадрид

February 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тебас: Ќе превземеме правни мерки против Реал Мадрид

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, размислува да поднесе правна постапка против Реал Мадрид поради писмото кое клубот го испрати оваа недела. Според Тебас, Реал со тоа писмо се обидува да создаде лажен наратив за виктимизација со цел да ја поткопа лигата и да изврши притисок врз судиските одлуки. „Ова е претерано. Приказната што ја создадоа е целосно неоснована и има за цел да ја наруши конкурентноста во Ла Лига“, изјави Тебас пред новинарите. Реал Мадрид реагираше на арбитражата од натпреварот против Еспањол, кој го загуби со 0-1 во 22. коло од шпанскиот шампионат. Клубот во писмото до Ла Лига тврди дека судиските одлуки против нив достигнале ниво на манипулација и фалсификување, што веќе не може да се игнорира. Контроверзијата настана околу моментот во 60. минута, кога играчот на Еспањол, Карлос Ромеро, направи прекршок врз Килијан Мбапе. Реал смета дека Ромеро требаше да добие црвен картон, но судијата му додели само жолт. Подоцна, во 85. минута, токму Ромеро го постигна единствениот и победнички гол за Еспањол.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.