Тебас сериозно удри по Флорентино Перез пред вечерашното финале!

April 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тебас сериозно удри по Флорентино Перез пред вечерашното финале!

Хавиер Тебас не остана должен и остро реагираше на последните случувања, насочувајќи критики кон Флорентино Перез поради притисокот врз судиите. Иако Купот на Шпанија не е под надлежност на Ла Лига, туку под организација на Шпанската фудбалска федерација, Тебас не се воздржа од јавно искажување на став. Во континуираната борба со Лапорта и Перез, претседателот на Ла Лига овојпат остро се нафрли токму на челникот на Реал Мадрид, обвинувајќи го за манипулативно однесување. Сапуницата околу судиските одлуки што се одвиваше вчера дополнително ја разгоре атмосферата, а Тебас со своите зборови само ја подгреа полемиката. „Ова не е фудбал, ова е контрола на моќта… Тој не го сака Тебас бидејќи тој не го прави она што тој сака… Тој не го сака Чеферин бидејќи тој не го прави она што тој сака… Тој не ги сака ТВ коментаторите бидејќи тие не го кажуваат она што тој сака… Тој не сака да се продолжи со реформата за судиите бидејќи тоа не е тоа што тој го сака… И сега, по изјавите на судиите – уморни од постојаното вознемирување од Реал Мадрид ТВ – тој одговара како што знае: Ги прескокнува тренинзите на Ла Картуха, не се појавува на официјалните прес конференции за финалето, најави дека нема да присуствува на куп финалето. Тој не протестира, тој прави притисок. Тој не се жали, тој се заканува Тој не се согласува, тој казнува. Тој не сака да го подобрува фудбалот, тој сака свој фудбал. И ова не е најлошата работа. Сериозната работа е што многумина му го дозволуваат тоа, се согласуваат со тоа и му помагаат“, напиша Тебас за Перез.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.