January 28, 2025 | | Свет
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, конечно проговори за неколку актуелни теми кои го привлекоа вниманието на фудбалската јавност. Од борбата против расизмот до контроверзии околу регистрациите на играчи и влијанието на Килијан Мбапе – Тебас ги изнесе своите ставови без задршка.
„Продолжуваме да се бориме против говорот на омраза, не само против расизмот, туку и против хомофобијата и сите форми на нетолеранција“, истакна Тебас, започнувајќи со неговата посветеност кон искоренување на дискриминацијата во фудбалот.Една од најжешките теми беше регистрацијата на Дани Олмо, која предизвика незадоволство кај бројни клубови од Ла Лига, а Тебас беше дециден во својот став.
„Клубовите се во право. Ако поднесуваме жалби како Лига, тоа значи дека веруваме дека нешто не е според законот. Имаме докази против Барселона, и не планираме тука да застанеме. Додека сега има лиценца и може да игра, тоа не значи дека ситуацијата е конечна. Мислам дека имаме големи шанси да ја промениме оваа одлука“, рече тој.Неизбежна беше и темата за судството во Ла Лига, особено во контекст на честите критики кон судиските одлуки.
„Со години се справуваме со овој проблем. Не ми се допаѓаат јавните критики, како неодамнешната од Лапорта. На 6 февруари ќе имаме состанок со сите клубови и техничкиот комитет за судење, за да разгледаме што може да се подобри“, вели Тебас.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |