Тен Хаг ептен бил строг со Роналдо: Му било забрането да влегува во соблекувалната

October 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг ептен бил строг со Роналдо: Му било забрането да влегува во соблекувалната

Тен Хаг доби отказ во Манчестер Јунајтед, а најверојатно Рубен Аморим ќе седне на негово место. Холанѓанецот беше во ужасни односи со Кристијано Роналдо, а сега се открија нови детали. Конкретно, во натпреварот против Тотенхем Роналдо одби да влезе од клупата, а според информациите на Роб Доусон, поголемиот дел од соиграчите се согласиле дека Роналдо погрешил, но дека Тен Хаг претерал со казната. На Португалецот прво му било кажано дека не смее да тренира со првиот тим, а потоа вработените не го пуштиле ниту во соблекувалната по наредба на Тен Хаг. „Спорот завршил кога Роналдо побарал играч од академијата да оди во соблекувалната место него, при што големиот број постари играчи ваквата забрана ја гледале како непотребно понижување“, пренесе „ESPN“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.