Тен Хаг ги загрижи фановите на Јунајтед: Не сме подготвени за почеток на сезоната!

August 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг ги загрижи фановите на Јунајтед: Не сме подготвени за почеток на сезоната!

Ерик Тен Хаг смета дека неговиот тим не е спремен за за отварањето на новата сезона и дуелот против Фулам. Јунајтед и Фулам ќе ја отворат сезоната во Премиер лигата, а ваквата изјава сигурно дека нема да им се допадне на навивачите на Јунајтед. Тимот не е подготвен, но првенството почнува и голем број на тренери го имаат овој проблем. И покрај тоа што имаме проблеми, не смееме да се криеме и мораме да се справиме со ситуацијата“, вели Тен Хаг. Тој потврди дека Мегваер, Де Лихт и Мазрауи утре ќе бидат во конкуренција за да настапат. Нови засилувања летово се Јоро, Зиркзе, Де Лихт и Мазрауи, а се преговара и за играч од средниот ред.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.