Тен Хаг и понатаму има поддршка од раководството на Манчестер Јунајтед

September 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг и понатаму има поддршка од раководството на Манчестер Јунајтед

И покрај лошиот старт во Премиер лигата, раководството на Јунајтед сѐ уште верува во тренерот Тен Хаг. Во раководството летово се случија огромни промени каде Омар Берада кој беше во Манчестер Сити, ја презеде функцијата извршен директор, Ден Ешворт кој беше во Њукасл беше назначен за спортски директор, а Џејсон Вилкокс кој беше директор на академијата во Манчестер Сити, функија која ја обавуваше до лани, а пристигна од Саутемптон како технички директор. Но, промени на теренот засега не се гледаат каде се јавуваат проблеми слични на оние од минатата сезона. Токму Ден Ешворт рече дека Тен Хаг ја има нивната поддршка каде нагласи дека изборот тој да остане на функцијата е направен пред нивното пристигнување. „Многу е ретко кога доаѓате во нов клуб како спортски директор, а нема менаџер. Сè што можам да кажам е дека навистина уживав во работата со Ерик во изминатите осум недели. Мислам дека моја работа е да го поддржам на секој можен начин и без разлика дали тоа е оперативно, без разлика дали тоа е преку реновирање на тимот, доведување нови играчи, медицински проблеми, психологија или само ако има протекување на базата. Мојата работа е да преземам што е можно повеќе од тој товар за да може да се фокусира на теренот за тренинзи и на тактичкиот план за игра за да го направи Манчестер Јунајтед успешен“, рече Ешворт. Сличното го кажа и извршниот директор Омар Берада. „Дали сè уште му веруваме на Ерик? Апсолутно. Мислиме дека Ерик е вистинскиот тренер за нас и целосно го поддржуваме. Договорно, тоа беше одлука која беше донесена пред двајцата да пристигнеме, но ние сме многу задоволни со тоа. Ерик ја има нашата целосна поддршка и ќе продолжиме да работиме заедно, како што рече Дан, за да му помогнеме да постигне најдобри резултати“, објасни Берада.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.