Тен Хаг: Јас не сум Хари Потер, проблемот не е во мене

September 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг: Јас не сум Хари Потер, проблемот не е во мене

Ерик Тен Хаг ја изрази својата фрустрација по поразот на Манчестер Јунајтед против Ливерпул на домашен терен со убедливи 0-3. Запрашан за тоа кој е виновен за ваквиот резултат, Холанѓанецот рече дека проблемот за лошите резултати на тимот не лежи во него. „Јас не сум Хари Потер. Дали навистина мислите дека проблемот е во тренерот? Не мислам дека е така, инаку немаше да освојуваме трофеи, како што правиме и да победуваме големи ривали“, рече Тен Хаг. Денешната игра на Јунајтед потсети на проблемите од минатата сезона, а особено продолжува проблемот со форсирање на одредени фудбалери кои очигледно не заслужуваат да бидат дел од тим како Јунајтед.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.