August 2, 2024 | | Свет
Ерик Тен Хаг е убеден дека неговиот тим ќе освои трофеј наредната сезона. „Дефинитивно верувам дека клубот ќе освои барем еден трофеј идната сезона. Но, тоа не е нашата цел. Најважно е клубот да оди напред. Сите ние мораме да се движиме кон поголема цел. Не станува збор за поединци, туку за тимот“, изјави Тен Хаг. Холанѓанецот е под голем притисок да се обиде да го подигне нивото на тимот и засега се чини дека управата го поддржува во засилувањата кој тој сака да ги донесе. Тој го коментираше и случајот на Џејдон Санчо со кого се чини проблемите ги оставија на страна. „Оставаме се зад нас и си кажавме се што имаме. Се знаеме многу добро меѓусебно, тој знае какви се стандардите, и сега сакаме само да работиме. Дали се извини? Мислам дека мојата изјава кажа се, и се е веќе јасно“, изјави менаџерот на Јунајтед.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |