July 16, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед на лош начин ја отвори предсезоната каде загубија од Розенборг со 1-0 и покрај тоа што играа играчи како Рашфорд, Касемиро, Маунт, Ван-Бисака и Еванс. Тој ќе продолжи како тренер на Манчестер Јунајтед и има поддршка од новата управа, но засега почнаа лошо. „Играме во моментов предсезона, но во Манчестер Јунајтед стандардот мора да биде само победа и дефинитивно да не губиме натпревари“, изјави Тен Хег. Тен Хаг даде и една интересна изјава. „Ако не можете да победите, немојте да го изгубите натпреварот, но ние изгубивме на крајот, во последните секунди од натпреварот. Се разбира, настапот е поважен, но знаеме дека тој беше под стандардот“, додаде тој. Но, ова е само предсезона. Извлекувањето заклучоци од овој резултат за играта на Јунајтед би било смешно. Но, Тен Хег знае дека нема да помине долго додека пак не се случи да биде на мета на критики поради одредени резултати.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |