Тен Хаг: Можеме да се носиме со најдобрите!

July 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг: Можеме да се носиме со најдобрите!

Тен Хаг полека се спрема за новата сезона во Манчестер Јунајтед каде неговиот клуб е многу активен на трансфер периодот каде досега ангажираа двајца (Зиркзе и Јоро), а се преговара за неколку други (Де Лихт, Мазрауи, Угарте). Новата управа му даде доверба и наводно сметаат на него долгорочно. Воедно, тој е убеден дека Јунајтед може да ги подобри резултатите, но во тоа ќе му треба помош од сите во клубот. „Покажавме дека можеме да го победиме и најдобриот клуб (Манчестер Сити) и тоа не еднаш, туку два пати. На многу други натпревари бевме блиску, но нашиот предизвик е да бидеме попостојани“, рекол Тен Хаг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.