Тен Хаг на тешки маки пред дербито со Сити во „Комјунити Шилд“!

August 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг на тешки маки пред дербито со Сити во „Комјунити Шилд“!

Манчестер Јунајтед утре ќе се сретне со градскиот ривал Сити во рамките на финалето на „Комјунити Шилд“, а Тен Хаг има големи проблеми кога станува збор за достапните играчи кои ги има во одбраната. Лени Јоро и Тајрел Маласија ќе отсуствуваат подолг период, а неизвесен е и настапот на Мегваер, Линделоф, Шо и Ван-Бисака. Целосно здрави дефанзивци за Манчестер Јунајтед во моментот се Диого Дало, Лисандро Мартинез и Џони Еванс. Дало и Мартинез имаа подолг одмор по настапите со своите репрезентации. „Секогаш одиме на победа и ќе се одлучиме за тим кој може да ни го донесе трофејот. Сепак, ова е дел од претсезоната и не сакам да преземам големи ризици со фудбалерите. Со оглед на ситуацијата, веројатно Лича (Мартинез) ќе мора да настапи на овој натпревар“, рече Тен Хаг. Натпреварот ќе се одигра на Вембли и истиот започнува во 16 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.