Тен Хаг не се предава: Ќе се бориме за трофеи сезонава

September 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг не се предава: Ќе се бориме за трофеи сезонава

Ерик Тен Хаг сезонава доби доверба од управата на Манчестер Јунајтед и сезонава да биде тренер, но засега разочарувањата се огромни. Јунајтед има една победа и два порази во Премиер лигата, а вчерашниот против Ливерпул е особено болен каде особено се истакна Каземиро кој им поклони два гола на Ливерпул. Но, и покрај сите проблеми, Тен Хаг верува во своите фудбалери и е оптимист. „За две години ние освоивме два трофеи. На крајот од сезоната ќе видите каде ќе бидеме. Знам каде ќе бидеме на крајот од сезоната. Ќе се бориме за трофеи“, рече Тен Хаг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.