Тен Хаг: Не треба да примаме голови како вчерашниот!

September 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг: Не треба да примаме голови како вчерашниот!

Ерик Тен Хаг го изрази своето незадоволство по ремито на неговиот тим против Твенте со 1-1 на „Олд Трафорд“. Голот за гостите падна откако Кристијан Ериксен буквално им ја поклони топката каде успеа да ја изгуби на својата половина. „Ги држевме во игра, водевме со 1-0, имавме контрола врз натпреварот. Требаше да бидеме постојани и да продолжиме и во второто полувреме. Но, ние го намаливме нивото и дозволивме израмнување. Нивниот гол беше тимска грешка, не можеме да дозволиме играч на Твенте да дрибла низ речиси цел терен, без да го сопреме. Ова е неприфатливо, не може да се случи да примиме таков гол. Мора да бидеме концентрирани во текот на целиот натпревар, откако поведовме, требаше да бараме втор гол“, рече Тен Хаг. Наредниот натпревар Манчестер Јунајтед ќе го одигра против Тотенхем на домашен терен. Во прилог грешката која ја направи Ериксен:

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.