Тен Хаг: Нема простор за паника

October 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг: Нема простор за паника

Столчето на Ерик Тен Хаг повторно и тоа како се тресе со лошите резултати периодов. Од почетокот на сезоната, Јунајтед веќе има три порази. Сепак, Холанѓанецот понатаму е убеден дека сезоната ќе биде успешна за Манчестер Јунајтед. „Ништо не е лесно, но јас не сум премногу загрижен. Нема место за паника, се ќе биде добро… Во моментов не изгледаме добро, но верувам дека сите заедно ќе најдеме излез од оваа ситуација. На крајот се брои она што е сработено, а јас сум убеден дека во мај ќе успееме да стигнеме барем до еден трофеј. Секако, целта ни е покрај освојување на пехар да стигнеме и до што подобар пласман во Премиер лигата, но јас верувам во мојот тим, знам дека можеме да стигнеме до она што сите го сакаме како резултат. Во последните шест сезони секогаш имав најмалку еден трофеј, тоа е моја цел и оваа година“, изјави Тен Хаг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.