Тен Хаг: Немавме успеси оти имавме многу повреди!

July 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг: Немавме успеси оти имавме многу повреди!

Тен Хаг на големо се спрема за наредната сезона каде засега имаат добар трансфер период, а во очекување се да ангажираат уште неколку играчи. Засега дојдоа Зиркзе и Јоро. Во однос на неуспесите на Јунајтед изминатите сезони, Тен Хаг рече дека една од причините се малата длабочина во составот во споредба со своите ривали за позициите при врвот во Премиер лигата „Не сме единствениот тим кој минатата година имаше проблеми со повреди. Повредите сепак беа многу и беа концентрирани во одбраната. Во еден момент немавме кого да пуштиме на теренот. Кога пристигнав во Јунајтед, тимот немаше освоено трофеј шест години. Тоа се случи не затоа што претходните менаџери не беа добри, туку поради начинот на кој се гради тимот. Јас го знаев тоа од првиот ден на моето пристигнување, но тогаш имавме играчи на кои им остануваа години според договорите со Манчестер Јунајтед“, вели Тен Хаг. Тој додаде дека овој тим се уште се гради и поради тоа повредите минатата сезона биле уште потешки.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.