Тен Хаг објасни зошто Мазрауи играл „десетка“ против Фенербахче

October 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг објасни зошто Мазрауи играл „десетка“ против Фенербахче

Манчестер Јунајтед одигра блед натпревар против Фенербахче во третото коло од Лигата на Европа при што конечниот резултат беше 1-1. Она од што многумина беа изненадени е зошто десниот бек Мазрауи беше прекомандуван да игра како ,,десетка’’, односно плејмејкер. ,,Се решив за Мазрауи на позицијата „10“ во нападот. Добро го познавам од времето во Ајакс и понекогаш го имав играно на таа позиција. Дури и кога игра како десен бек покажува дека знае да се снајде добро на мал простор, па затоа бев сигурен во неговиот избор. Исто така, според мене премногу е да излезете на терен со четворица напаѓачи кога играте на тешко гостување како ова во Истанбул’’, изјави Тен Хаг. Ваквата одлука на Тен Хаг ја коментираше и Мурињо. ,,Можеби за вас и фановите беше изненадување ситуацијата со Мазрауи, но не и за нас. Амрабат ми кажа дека Мазрауи може да игра на таа позиција, дека доста го правел тоа со Тен Хаг во Ајакс. Можеби не е Бруно Фернандеш на таа позиција, но има знаење како да врши пресинг. Мислам дека тоа им беше јасната идеја, да ја притискаат нашата одбрана со него’’, рече Мурињо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.