September 4, 2025 | | Свет
Ерик тен Хаг остро ја коментираше одлуката на раководството на Баер Леверкузен да го испрати на „принуден одмор“, откако германскиот клуб по само две кола во новата сезона реши да ја прекине соработката со холандскиот стратег. Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед беше сменет по ремито со Бремен (3-3), во натпревар во кој Леверкузен двапати имаше предност од два гола разлика. „Одлуката на управата на Леверкузен да ме испрати на 'одмор' беше огромно изненадување. Да се разделите со тренер по само две кола во шампионатот е апсолутно незамисливо и глупаво“, изјави Тен Хаг. Тој нагласи дека тимот летово претрпел сериозни промени со заминување на клучни играчи, поради што било неопходно трпение и доверба во процесот на изградба на нова екипа. „Новиот менаџер мора да добие време да ја наметне својата визија и да ги постави стандардите. Жал ми е што управата не беше подготвена да ми даде ниту време, ниту доверба“, додаде Холанѓанецот, потсетувајќи дека секогаш кога му било дозволено да ја заврши сезоната – доаѓале и резултати. На крајот, тој им се заблагодари на навивачите за поддршката и им посака успех на играчите и клубот во продолжение од сезоната.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |