Тен Хаг: Ова е наш четврт натпревар без примен гол

October 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг: Ова е наш четврт натпревар без примен гол

Очигледно е дека менаџерот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг смета дека проблемот не лежи во него. На последните два натпревари, неговиот тим ремизираше два пати. И во ваквите лоши моменти за Јунајтед, Тен Хаг сепак има начин како да се оправда. „Ова ни е четврт натпревар без примен гол сезонава. Можевте да видите заедништво, многу добра организација. Тимот имаше добар карактер, добар тимски дух. Астон Вила денеска имаше само едн стопроцентна шанса, ние имавме некои ситуации, не премногу шанси, но ја погодивме пречката преку Бруно. Нападот мора да игра подобро, на последните седум средби создадовме многу шанси, време е за напедок во овој дел од играта“, изјави Тен Хаг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.