August 22, 2024 | | Свет
Ерик тен Хаг рече дека е задоволен од она што досега го сработи клубот каде рече дека сакаат да го имаат најдобриот можен состав. За да се врати стариот Јунајтед, тој рече дека ова е патот по кој клубот треба да се движи. „Засега сум задоволен. Се движиме во вистинската насока, но исто така сме свесни дека ни претстои уште многу. Сепак, покажавме амбиција и тоа е патот по кој треба да одиме. Работиме напорно и секогаш се трудиме да го изградиме најдобриот можен состав. Имаме уште неколку дена и додека имаме опции, ќе ги истражиме. Мора да бидете трпеливи, ќе објавиме кога ќе има нешто официјално“, објасни Холанѓанецот во врска со изборот ова лето. Досега пристигнаа Џошуа Циркзи, Лени Јоро , Матаис де Лихт и Нусаир Мазрауи, а на чекор од трансфер во Јунајтед и Угарте од ПСЖ кој најверојатно ќе дојде на позајмица каде следното лето Јунајтед ќе има обавезна клаузула за да го откупи перманентно.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |