Тен Хаг постави негативен и поразителен рекорд за клуб како Манчестер Јунајтед

September 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг постави негативен и поразителен рекорд за клуб како Манчестер Јунајтед

Ерик Тен Хаг повторно се соочува со огромни проблеми како тренер на Манчестер Јунајтед откако претрпе тежок пораз на домашен терен од вечниот ривал Ливерпул со 0-3. Тој упорно тврди дека ситуацијата не е толку лоша и дека освојуваат трофеи, но прашање е колку тој е реален сам со себе. По поразот од Ливерпул, тој постави нов негативен рекорд. Холанѓанецот стана првиот тренер во историјата на клубот кој двапати е поразен во воведните три натпревари во Премеир лигата. Тој го повтори неславниот старт на шампионатот од минатата сезона каде на почетокот беа поразени од Брајтон и Брентфорд. По завршувањето на репрезентативната пауза, Јунајтед ќе гостува кај Саутемптон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.