Тен Хаг прави револуција: Мазрауи вечерва ќе игра плејмејкер!

October 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг прави револуција: Мазрауи вечерва ќе игра плејмејкер!

Со почеток од 21 часот, Манчестер Јунајтед ќе го одигра својот трет натпревар во Лигата на Европа и тоа против незгодниот Фенербахче. На голот ќе биде Онана, во одбраната се Дало, Де Лихт, Линделоф и Мартинез, во средината се Угарте и Ериксен, по крилата Рашфорд и Гарначо, Зиркзе шпиц, а позади него верувале или не Мазрауи. Тен Хаг рече дека Мазрауи ваквата позиција ја играл под негова палка во периодот кога Мароканецот играше за Ајакс. „Мазрауи ќе игра како 10-ка (плејмејкер) вечерва. Го знам од претходно од Ајакс и таму го имам играно на оваа позиција. Тој е способен да ја одработи оваа задача“, рече Тен Хаг. Што се однесува до составот на Мурињо, на голот е Ливаковиќ, во одбраната се Мулдур, Џику, Сојунчу и Осаи-Самуел. Во средниот сред ќе играат Амрабат, Фред и Жимански, а во нападот ќе бидат Тадиќ, Ен Незири и Сен-Максиман.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.